Стотици граѓани засегнати од мерката за одземање возила за возење без положен возачки испит протестираа во Штип, Кочани, Струмица, Прилеп, Битола и Ресен, поради одземањето на нивните возила, согласно член 297 од Кривичниот законик за „невнимателно управување со моторно возило“.
Во Штип, група граѓани запалиле гуми на улицата, по што Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и нормализирање на ситуацијата.
Во Кочани, граѓаните се собраа во населбата Трајаново Трло. Во Битолско, главниот пат за Ресен беше блокиран, во близина на населбата Баир, додека протестот продолжи и денес низ улиците на градот. Заеднички мотив на сите протести е незадоволството од конфискацијата на возилата, кои, според граѓаните, биле нивно главно средство за работа и извор на егзистенција за нивните семејства.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека немало нарушување на јавниот ред и мир во синоќешните протести, но во координација со Јавното обвинителство презема мерки и активности за понатамошно постапување.
The post Протест поради конфискација на возила за возачи без дозвола: МВР предупредува на мерки (видео) appeared first on Во Центар.



