Протест пред Собрание

Пред почетокот на собраниската седница на која почна постапката за Уставни измени, пред зградата на Собранието на Република Македонија се собраа група граѓани, кои протестираат против таквата постапка, јавува Прессингтв.мк.
Пораката која тие ја испратија до пратениците е дека тие не добиле мандат да го менуваат името на државата и затоа треба да се откажат од постапката за какви било Уставни промени насочени во таа насока.
По петочното поминување на иницијативата во матичната комисија битката од денес се префрли на пленарна седница. Колку ќе трае пратеничката дебата никој не може да предвиди. Односно ќе трае додека има пријавени за збор дали има потреба од Уставните измени кои ги предложи Владата согласно Договорот од Преспа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.