Протече ДОКУМЕНТ ЗА АТЕНТАТОТ НА ТРАМП Тајната служба суспендираше луѓе, голем број пропусти – Истрагата и понатаму трае

Американската тајна служба привремено суспендираше голем број свои вработени како резултат на истрагата за обидот за атентат на поранешниот американски претседател и републикански кандидат за нов мандат Доналд Трамп.Како што јави Си-Би-Ес, повикувајќи се на извор запознаен со истрагата, службата суспендираше голем број агенти, меѓу кои и шефот на канцеларијата во Питсбург, како резултат на истрагата за обидот за атентат врз Трамп во Пенсилванија во јули.Портпаролот на тајната служба Ентони Гуглиелми одби да потврди за американската телевизија дека агентите се суспендирани, велејќи дека внатрешната истрага е во тек и секое прекршување на правилата за службата ќе резултира со дисциплинска постапка.Обидот за атентат врз Трамп се случи за време на неговиот предизборен говор во Пенсилванија на 13 јули. Трамп е ранет во увото, додека еден маж од публиката е убиен, а двајца други се повредени.🚨🚨 NEW – Whistleblower says Secret Service HQ told agents working the Butler PA event NOT to request additional manpower resources for the rally & warned any such requests would be denied. Contradicts Director Rowe testimony, who said no resources were ever denied pic.twitter.com/85sHTAI82u— Josh Hawley (@HawleyMO) August 23, 2024Американската тајна служба потоа го уби напаѓачот кој се криел во зграда оддалечена околу 100 метри од бината, надвор од областа каде што се одржувал настанот.Службениците на американската тајна служба не ги зеле со себе радио системите што им ги доделила локалната полиција за комуникација на денот на обидот за атентат, јавува CNN, повикувајќи се на извештај на конгресменот Клеј Хигинс.„Вашингтон пост“ претходно објави дека полицискиот извештај за откривање на вооружен осомничен за обидот за атентат врз Трамп никогаш не стигнал до американската тајна служба бидејќи користеле посебни канали за комуникација и транспорт од полицијата.„Денот пред обидот за атентат врз Доналд Трамп, локалниот полициски тактички тим им додели радио системи на колегите од Тајната служба за двете агенции да можат да комуницираат за време на говорот на поранешниот претседател на 13 јули – но никој не ги зел со себе“, се вели во материјалот. 

Пронајдете не на следниве мрежи: