Протече документ од Кремљ: “Ако се случи ваков тип на напад врз Русија, оваа служба ќе реагира”

Долго време се шпекулира дека руските лидери, вклучително и Путин, веруваат во мистицизам, астрологија, нумерологија и „јасновидци-бајачи“, што е широко распространето во Русија.

Деновиве има многу причини да се запрашаме дали рускиот претседател Владимир Путин и неговите другари се целосно „забегани“. Сепак, документот што неодамна протече од Кремљ открива дека луѓето одговорни во руската влада „забраздиле“ подлабоко отколку што повеќето луѓе некогаш можеле да замислат.

Во тој протокол, кој го објави независниот руски портал The Insider, се наведува како би дејствувала моќната руска Федерална служба за безбедност (ФСБ), која се грижи за заштита на највисоките руски функционери, меѓу кои и Владимир Путин, во случај ако војната во Украина или кој било друг конфликт би се прелеел на самата руска почва. Документот се фокусира на психолошката подготвеност и на обезбедувањето дека офицерите на ФСБ имаат „морална и психолошка поддршка“ потребна за да се спротивстават на она што го нарекува потенцијален „масовен идеолошки напад“, пишува Форин полиси.

Но, Русите не се загрижени само за вообичаената воена пропаганда, како што се субверзивни радио преноси или нелегални весници. Наместо тоа, Кремљ прави подготовки за она што го нарекува „психолошка инфекција на персоналот“ од непријател кој би манипулирал со персоналот преку хипноза, како и преку непознати мистични и психички или парапсихолошки способности. Се предупредува на парапсихолошки (ПСИ) фактори и „хипнотички способности“ кои се користат од странски персонал.

Верувањето во мистични моќи е релативно честа појава во Русија, каде приближно 20 отсто од граѓаните ги посетиле „видовитите“ луѓе, а повеќе од 60 отсто веруваат во некоја форма на магија. „Ова прашање на хипноза и телекинеза, што и да се обидат да направат, мислам дека Русите навистина веруваат во тоа. Повеќето од нас сè уште се обидуваат да живеат во реалниот свет, а (руското раководство) тоа не се обидува да го прави. Тие не се обидуваат повеќе“, вели Наталија Антонова, писателка од Вашингтон и експерт за Русија, која помина седум години известувајќи од Москва.

Тактики за спречување на психички напад

Таквите стравови може да се поттикнат од врвот. Долго време се зборува дека руските лидери, вклучително и Путин, веруваат во мистицизам, астрологија, нумерологија и „јасновидци-бајачи“ и дека се убедени дека нивното владеење со „Голема Русија“ е предодредено. Веќе во 1988 година, Њујорк Тајмс објави дека „хороскопите, народната медицина, психичкото исцелување и сите видови мистицизам се истакнати во советското општество – дел со (преку) верување-убедување, дел ппради мода, но дека тоа не е шега“.

Мистицизмот се спојува со поконвенционалните руски православни верувања за апокалиптични сценарија и сатаничко влијание. На септемвриската церемонија на илегалната анексија на делови од Украина, Путин изјави дека западното „потиснување на слободата ги примило карактеристиките на религијата – отворен сатанизам“. Потоа, во октомври, Кремљ го измени своето оправдување за војната, тврдејќи дека е морален императив „да се изврши де-сатанизација на Украина“.

Додека терминот сатанизам понекогаш се користи само како претерана реторика, понекогаш сè уште се подразбира буквално. Конзервативните руско-православни концепти за духовно војување, кои го опишуваат Западот како буквално демонски, сега се вградени во речникот на руската држава и се мешаат со ентузијазмот на земјата за психичка псевдонаука.

Но, се разбира, нема причина Русите да се грижат – во документот се наведува дека ФСБ планира да спречи ваков вид психолошки напад. Тактиката вклучува психолошко зајакнување на офицерите на ФСБ преку раскажување приказни за храброста и херојството на нивните колеги. Друг начин за борба против „психолошката инфекција“ вклучува организирање офицерски обиколки на Куќата на славните и историјата на ФСБ (КГБ) и посета на московската катедрала на Пресвета Богородица од Казан, веројатно за да се оддалечи ѓаволот со молитва.

Наводни телепатски способности

Ќе има и некаков систем на пријатели како дел од тоа. „Потребно е да се комбинираат политички најострите офицери на ФСБ со најмалку стабилните“, стои во протоколот. Или, како мерка на претпазливост, може да биде неопходно да се хоспитализираат ментално ранливи службеници кои страдаат од „невропсихијатриски нестабилности“ во овие мистериозно опасни времиња. Загриженоста за психологијата и моралот на офицерите – клучни во изгубената војна – на тој начин станаа измешани со повеќе езотерични грижи како што се психичките напади.

И советската држава и нејзиниот наследник Русија експериментираа со контрола на умот, како и Соединетите Држави за време на „Студената војна“, користејќи го својот таен психички проект. Во рускиот протокол, кој беше декласифициран во 2019 година, се наведува дека во 80-тите, научниците истражувале екстрасензорна перцепција (ESP) и други мистични способности, а во 2019 година, руски воен магазин објави дека војниците во земјата имаат посебни психички моќи и дека ги користеле порано. Војниците наводно научиле да читаат мисли од телепатските делфини.

Но, не е сè до контролата на умот – авторот на статијата, армиски полковник, изјавил дека војниците со телепатски способности исто така можат да се мешаат во сигналите за комуникација и да ги рушат компјутерските системи со своите мисли. Во „паранормалната трка во вооружување“ за време на Студената војна, ниту едно психичко „оружје“ не беше премногу чудно за размислување – се додека сè што се обидуваа научниците не звучеше како да е поврзано со окултизмот.

„Советската номенклатура околу ESP беше корегирана за да звучи технички, прекинувајќи ги сите врски со окултното минато на ESP“, пишува истражувачката новинарка Ени Јакобсен во својата книга од 2017 година. Телепатијата, од друга страна, беше преименувана како „пренос на биолошки системи на долги растојанија“. Психокинезата, како предмети што се движат само со размислување, се дефинира како „нејонизирачка, особено електромагнетна, човечка емисија“.

Ментален слом

Во протоколот на ФСБ кој протече во јавноста, се наведува дека за конечно спроведување на тајниот план за одбрана од психолошки напад, доколку има потреба, е одговорен заменик директорот на ФСБ, генерал Александар Комов. Според Форин полиси, умот на Комов е делумно научен, а делумно малку забеган. Тој учествуваше на конференција организирана минатата година од Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на науките за можноста за шпионирање на Земјата од вселената. Тој, исто така, се вели дека е водач на група хонорарни консултанти која вклучува астролози, црни магионичари и „јасновидци-магионичари“.

Според протоколот, други стратегии за кои Русите веруваат дека непријателот би можел да ги користи вклучуваат „психо-корективни игри“, „компјутерски пси-вируси“ и „хемиско и биолошко“ психолошко влијание. Психокорекцијата се смета за псевдонаука која се занимава со „корегирање“ на развојот на малите деца, често со употреба на играчки, а може да вклучува и експериментална психологија. Неговата корисност е доведена во прашање кога станува збор за функционери кои се на мета на странски „јасновидци-бајачи“. Инсајдер наведува дека можноста за „компјутерски пси-вируси“, какви и да се тие, веројатно нема да влијае на Кремљ бидејќи на службениците им е забрането да користат мобилни телефони или таблети додека се на должност.

Почетокот на инвазијата на Украина беше поддржан од силна сила: армија од речиси 200.000 мажи поддржана од сериозна артилерија, тенкови и воздухопловни сили. Руските стручњаци се пофалија со лесна победа. Ова се распадна пред украинскиот отпор, а паничната „делумна мобилизација“ не направи малку за да ја смени траекторијата на неуспехот. Ова можеби придонесува за атмосфера на фантазија. „Сите овие заблуди што се шират со години, кога ќе се соочат со студената, тешка реалност дека не можат да победат во Украина, почнуваат психички да се распаѓаат“, заклучува Наталија Антонова.

Пронајдете не на следниве мрежи: