Професионален војник, Албанец, ѝ се обраќа на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, за да ја запознае со мизерните услови во кои работат војниците на АРМ, без разлика на националноста, кои “се гревота, зашто најдобрите години си ги трошат во АРМ“.
Обраќањето на извесен Бесим Фејзулаи, објавено на Фејсбук, го пренесуваме во целост:
„До министерката и до моите колеги. Министерке, дајте пари за војниците што седат по стражи и по седум дена. Јадењето е катастрофа, а да не мислите да постат војниците. Вие сте научени да давате малку, а да барате многу и пак сме ние криви, газот пак ни е позади. Кој може, удри по едно клецање. Гревота за сите мои колеги, жал ми е што го трошат најдоброто време во АРМ за 600 денари денот. Е*ење во мозок колку сакаш. Ќе немате ни стража кој да дава ако продилжите вака. Жалосно. Учи го заменик-министрот, зашто од планина не се гледа убаво. Вас ве интересира само за Македонците, а ова магаре само парите го интересираат. Има еден автобус комплет што патуваме за Кичево, комплет Албанци, само шоферот Македонец. Гревота, за плачење сме ама и сте“, пишува во постот објавен на Фејсбук.