Професорка на Медицинскиот факултет со кампања и притисок врз студентите да гласаат на референдумот

Кампања и притисок на клиниките и меѓу студентите на Медицинскиот факултет во Скопје. Професорите наместо да се грижат за образованието на студентите, или здравствената политика, како и за пациентите тие интензивно се вклучуваат во актуелните теми и тоа ни помалку ни повеќе со повик до сите студенти да излезат на референдумот кој не се однесува само на името и договорот со Грција, туку и на ЕУ и НАТО или на, како што често го викаат, референдум со прашање со три непознати.
Професорката на Медицинскиот факултет Даниела Чапароска коментирајќи на Фејсбук на постови кои некогаш се за негогаш против референдумот на еден од нив ги повикува студентите да гласаат, и оди и понатаму вели „тоа е единствената шанса да се вреднува вашиот труд и залагања“.

Ги повикувам сите студенти на Медицински факултет, по општа медицина медицина, стоматолози, физиотерапевти, логопеди, високи медицински сестри и радиолошки технолози си кои сите овие години деноночно работевме и да ги совладуваме задачите да излезат на референдум зошто тоа е единствената шанса да се вреднува вашиот труд и залагања. Ние сите заедно сакаме да бидеме дел од ЕУ и НАТО!, коментира професорката Чапароска на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.