Професорка почина во живо во утринска програма

Рита Јитандер, славна индиска професорка, книжевник и уметник, почина во утринска програма која се емитува во живо на една телевизија во оваа држава.
Професорката Јитандер разговараше со водителот Захид Муктар за својот живот и кариерата и баш зборувала дека смртта сака да ја затекне додека работи, како што бил случајот со поранешниот претседател А.П.Ј Абдул Калам.

-Раскажуваше за некои интересни работи од својот живот и изгледаше сосем нормално. Но, изненадувачко замолчи и почна да штуца. Моравме да го прекинеме разговорот и да пуштиме прилог за да и помогнеме, раскажувал подоцна водителот Муктар.
Таа веднаш била пренесена во болница, но набрзо била прогласена мртва.
-Починала поради изненадниот застој на работата на срцето, кажал докторот.
-Раскажа дека доктор Калам починал додека работел. И сама замина така. Почина во телевизиско студио, изјави Хафиза Музафар, која ја организирала посетата на професорката Јитандер во градот Шрингар и каде и била домаќинка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.