Професорка по анатомија предава во костим со човечки органи

Вероника Дуке е 43 – годишна професорка која реши да ги ангажира своите ученици на едно повисо ниво и на часот по Анатомија се појави во костим со човечки органи, кој има неверојатни детали.
„Предавам веќе 15 години“ – вели Вероника.
„Предавам природни и социјални науки, уметност, но и англиски и шпански јазик“.
Во моментот, таа учи третоодделенци и постојано бара идеи како часовите да ги направи поинтересни.


-Пребарував на Интернет кога ми се појави реклама со костимот за капење на Алиекспрес. Знаејќи колку е тешко за децата кои се толку млади да ги визуелизираат внатрешните органи, мислев дека е вредно да се испроба, истакнува оваа неверојатна професорка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.