Професорот Трајковски: Владата премолчува колку скапо ќе ја чини Македонија заемот за брзата пруга

Проф. д-р Дејан Трајковски, со објава на социјалните мрежи предупредува дека Владата ја информира јавноста селективно и дека зад наизглед поволната најава за ново задолжување се крие финансиски товар што ќе ја чини Македонија стотици милиони евра.

Трајковски реагира на изјавата на министерката за финансии дека Македонија ќе се задолжи кај комерцијални банки со гаранција од британската агенција за извозно финансирање (UKEF), која би интервенирала доколку земјата не може да го враќа заемот. Тој објаснува дека ваквиот модел всушност не е поволен, бидејќи гаранцијата од UKEF носи значителни дополнителни трошоци – исто како и ако Македонија директно земеше заем од самата британска агенција.

Според неговата анализа, премијата за гаранција што ја наплатува UKEF изнесува околу 17,82% од главницата, што за најавените 1,7 милијарди евра изнесува 303 милиони евра. Дополнително, се додаваат и камати, провизии за уредување на заемот (очекувано 0,5% или околу 10 милиони евра), како и административни и правни трошоци од најмалку половина милион евра.

„Поради вклучувањето на трета страна – комерцијална банка – заемот ќе биде поскап за најмалку 10,5 милиони евра“, пишува Трајковски. Тој пресметува дека ефективната каматна стапка, кога ќе се земат предвид сите трошоци и курсни разлики, ќе достигне дури 7,02%.

Пратеникот критикува дека Владата не ја разгледала опцијата за финансирање преку Европската инвестициона банка (ЕИБ), каде што условите би биле значително подобри – со камати меѓу 1,5% и 2%, како и можност за грант до 50% од проектот.

„Ќе нé задолжат под зеленашки услови за проект што ќе ни донесе 3,3 милијарди евра загуба и што никогаш нема да можеме да го отплатиме без нов кредит“, предупредува Трајковски. Според него, се повторува сценариото со автопатите на Бехтел и Енка, но сега со уште поголем долг.

Тој ја завршува објавата со апел: „Да се помолиме Господ да им даде ум и да се откажат од оваа налудничава и максимално штетна инвестиција.“

Целата негова Фејсбук објава во продолжение:

Пронајдете не на следниве мрежи: