Профилот на Билјана Ванковска на Фејсбук – блокиран 24 часа

Гласниот критичар на политиките на сите влади, професорката Билјана Ванковска, 24 часа беше блокирана од социјалната мрежа Фејсбук. Според постот кој по пријавата за хакиран профил го објави професорката Ванковска, ова го смета за обид за биде замолчена и за прв пат ѝ се случува во 10 години, откако и ја користи оваа социјална мрежа за изразување на своите професионални и лични ставови.
“Епа, драги мои, и тоа се случи за првпат по десет години!
Профилот ми беше блокиран 24 часа (всушност, нешто подолго, нејсе), поточно јас бев оневозможена било што да правам на мојот или туѓите профили.
Ако мислевте (или се израдувавте) дека сум замолчала, сте се излажале. Ако во иднина ме снема, да знаете дека станува збор или за нешто вакво или ќе ме читате по весници дека ме привеле.
Колку повеќе притискаат и се служат со вакви средства, толку погласна ќе станувам и кон оние кои лично и кон оние кои оркестрирано (ќе) ме таргетираат.
Ќе продолжам само сега имам поважна работа, го пишувам текстот за Годишникот на ОБСЕ за Преспанскиот договор, па таму ќе кажам се што ми лежи на ум. А имам многу што да кажам! И таму ми ветија дека ја имам сета академска слобода и нема да ми го цензурираат текстот.
Материјалот расте од минута до минута!
Се читаме! I am back!“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.