Проф. Шасивари: Одлука за помилувања не може да се смени

Универзитетскиот професор Јетон Шасивари во изјава за „Алсат“ вели дека при помилувањето, претседателката не треба да го испитува само делото, туку и личноста, поточно достоинството на поединецот, хуманоста и пред сè правдата. Според него, Силјановска со последните помилувања не го почитувала уставниот аспект на помилувањето бидејќи во составот на комисијата не бил вклучен ниту еден професор по уставно право.

„Затоа беше потребно уште од почетокот со составот на оваа правна комисија за помилување, да има барем еден професор по уставно право за претседателката на Републиката при вршењето на оваа функција да ги земе предвид сите аспекти на помилувањето, а не само криминалниот дел кој е поврзан со кривични дела, со кривични дела, со казни, со однесување на лица во затвор, семејни аспекти и слично, но она што е поважно се уставните аспекти кои се поврзани со достоинството на поединецот како уставна вредност . Потоа хуманоста како многу важна уставна и општествена вредност и правда. Затоа, овие помилувања во јавното мислење беа сфатени како неограничена политичка функција остварена на паушален начин, на произволен начин, а не како што треба да биде помилувањето“, вели професорот.

Шасивари додава дека кај помилувањата нема враќање назад, а за ова го имаме примерот со повлекувањето на аболицијата од страна на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, за што до Европскиот суд за човекови права во Стразбур се поднесени повеќе од десет предмети од лица на кои тие им биле повлечени. Според него, решението е во корекции кај комисијата.

„Секое повлекување на помилувањето директно ја поткопува правната сигурност на поединците вклучени во помилувањето. И јас лично не верувам дека претседателката на Републиката ќе се пушти во оваа насока односно да ги повлече и да додаде нови предмети во низата предмети што ги имаме во Судот во Стразбур. Но, очекувам во иднина овој аспект од составот на комисијата за помилување да се коригира“, вели Шасивари.

Пронајдете не на следниве мрежи: