Прочитајте го навреме: 5 реченици што укажуваат дека тој е спремен да ве изневери

Многумина неверството го сметаат за најлошата работа што еден партнер може да ја направи. Ако еден од партнерите го изневерува другиот најчесто нешто не е во ред со таа врска. Токму затоа и бидете внимателни доколку чуете една од следниве реченици…
1. „Имам чувство дека повеќе не ме цениш“
Оваа реченица открива дека најверојатно тој не е среќен како порано и дека се чувствува запоставен. Секако, тоа не значи дека наскоро ќе ве изневери, но можеби веќе почнал да размислува за своите опции. Ако еден од партнерите не се чувствува доволно ценето може да се случи да побара (сексуална) потврда кај друга личност. Ако ја начне таа тема во разговорот, важно е отворено да разговарате и заедно да преземете нешто за ситуацијата да се промени.
2. „Извини што не ти одговорив на пораката“
Дури и ако има премногу работа и е зафатен – секогаш може да се најде време за кратка порака. Со други зборови, ако тој одеднаш не одговара редовно на пораките, тоа може да биде знак дека има некои други приоритети (или некоја друга). Повикајте го љубезно на разговор за да откриете зошто повеќе не ви одговара.

3. „На работа беше океј“
Овде не се работи за значењето на реченицата, туку за краткиот одговор. Додека порано детално зборувал како го поминал денот и детално зборувал за случувањата, краткиот и штур одговор е знак за опасност. Време е да седнете со него и да поразговарате.
4. „Ајде да пробаме нешто ново во кревет“
Ако подолго време сексуалниот живот ви е едноличен, добро е кога едниот партнер сака да испроба нешто ново. Но, тоа би можело да значи и дека не е потполно задоволен од сексуалниот живот. Сфатете ги неговите желби сериозно и испробајте го тоа што е предложено – секако доколку се согласувате и ви е пријатно да го направите тоа. Така можете заеднички да го решите проблемот и одново „да го запалите огнот“ во врската, а тој ќе биде задоволен и нема да бара сатисфакција на друго место.
5. „Тоа е тек за неколку месеци. Сè уште не би требало да мислиме на тоа…“
Ако твојот партнер не сака да правите долгорочни планови тоа може да биде знак дека не е сигурен што ќе биде со вас за неколку месеци. Тоа е доволна причина дека е крајно време за разговор за да откриете дали имате исти цели за иднината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.