Прочитајте зошто треба да јадете грозје и портокал заедно

Овошјето е здрав додаток на исхраната. Тоа е богато со витамини, минерали и други хранливи материи кои му се потребни на нашето тело. Но, кога станува збор за комбинирање на овошја – нема подобра комбинација од грозје и портокал! Покрај прекрасниот вкус, тие нудат и неверојатни здравствени придобивки.
Една неодамнешна студија открила дека хеперетинот (HESP) од портокалот и транс-ресвератролот (tRES) од грозјето помагаат успешно помагаат при борбата против голем број болести. Според резултатите, комбинацијата на овие овошја може да го намали нивото на шеќер во крвта, да ја подобри функцијата на инсулинот, како и да го одржува здравјето на циркулаторниот систем.


Истражувачите од Универзитетот во Варвик тврдат дека откриле пилула која ги содржи и двете овие состојки, а која може да го подобри здравјето на луѓето што имаат дијабетес или кои патат од некоја срцева болест.
Авторот на истражувањето, професорот Пол Торнали, ги смета овие резултати како голем напредок во медицината, бидејќи можат целосно да го променат начинот на кој се лечат овие болести. Покрај тоа, оваа комбинација може и да го спречи претераното дебелеење.
Па, доколку сакате да го одржите здравјето или пак, подобро да се справите со некои од горенаведените здравствени проблеми, тогаш без сомнение би требало да ја пробате оваа комбинација на овошја. Или пак, можеби веќе сте ја пробале? Споделете го вашето искуство со нас во коментарите подолу…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.