Прочитајте кои улици во Скопје ќе бидат затворени викендов, за да избегнете метеж

Продукцијата “Скопје Филм Студио“ ја известува јавноста дека во периодов се работи на снимање на нов долгометражен игран филм со работен наслов “Хомо”.
Филмот ќе се снима на повеќе локации низ град Скопје.
-“Скопје Филм Студио“ ве известува дека, во координација со надлежните институции, за потребите за снимање на филмот, на ден 30.03.2019 година (сабота), во период од 6 до 18 часот, ул. “Васил Главинов“ во правец од ул. “Димитрија Чуповски“ кон Бул. “Партизански одреди“ ќе биде затворена за сообраќај. Исто така на ден 31.03.2019 година (недела), во период од 6 до 18 часот, ул. “Самоилова“ кај вкрстувањето со надвозникот кој поминува над бул. “Гоце Делчев3 ќе биде затворена за сообраќај, се наведува во соопштението.
Сообраќајот ќе биде стопиран, а возилата ќе coобраќаат со изменет режим – пренасочување кон околните улици, со повремени пропуштања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.