ПСЖ го совлада Сосиедад, Лацио го изненади Баерн во Рим (ВИДЕО)






Откако на вчерашните два меча доминираа гостинските екипи, денеска во Лигата на шампионите победи остварија домаќините.

ПСЖ беше подобар од Сосиедад со 2-0 благодарение на двата гола во второто полувреме. Во првото немаше многу возбудувања, па ни шанси и мрежите мируваа, на задоволство на шпанскиот тим. Резултатот го отвори Килијан Мбапе во 58. минута, а нешто подоцна Баркола со својот прв гол во Лигата на шампионите се погрижи за убедлив триумф на првакот на Франција.

 

И Лацио без примен гол оствари победа во дуелот со Баерн, со тоа што славеше со 1-0. Клучен се покажа моментот во 67. минута кога Упамекано опасно стартуваше врз еден противнички играч во својот шеснаесетник поради што доби црвен картон, а за Лацио беше досуден пенал. Прецизен од белата точка беше Чиро Имобиле за исклучително важна победа за тимот на Лацио.

Реванш натпреварите на овие ривали се на програмата на 5 март во Минхен, односно Сан Себастијан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: