Психолог од Харвард: Овие реченици ги изговараат најлошите нарциси – постои само еден начин да ги победите

Луѓето со нарцисоидни особини често имаат претерана слика за сопствените таленти, достигнувања и значење во светот. Тие се исклучително чувствителни на критики и им е тешко да покажат емпатија или разбирање кон другите.
Кортни Ворен, психолог од Харвард, за „Make it“ вели дека преку пракса забележала дека има пет реченици кои најчесто ги изговараат луѓе со нарцисоидни особини.
1. „Бидете среќни што воопшто се грижам“.
Нарцисите се гледаат себеси како посебни и над другите. Тие веруваат дека другите треба да бидат благодарни што воопшто се во нивно присуство, бидејќи сите други не се доволно добри во споредба со нив.
2. „Толку сте патетични“.
Многу нарциси се хронично разочарани од другите. Како одговор, тие често користат навредливи и понижувачки коментари за да се истакнат и да се чувствуваат супериорно.
3. „Зависите од мене“.
Нарцисите често прибегнуваат кон манипулации, закани и заплашувања за да ги задржат луѓето во нивната врска. Така ја одржуваат контролата бидејќи тоа ги прави да се чувствуваат побезбедни.
4. „Немате право да се чувствувате така“.
На луѓето со нарцисоидни особини им е тешко да се идентификуваат со емоциите на другите. Тие ретко признаваат дека другата личност има свои мисли, чувства и искуства кои се исто толку вредни како и нивните.
5. „Сите други се идиоти“.
Нарцисите имаат силна потреба да се чувствуваат супериорни во однос на другите. Еден начин на кој тие го постигнуваат ова е со постојано омаловажување на другите – без разлика дали се пријатели, семејство или целосно странци – со цел да се прикажат себеси како исклучителни и посебни.
Како најдобро да се реагира?
Најефективен начин да се справите со нарцис е да не реагирате. Паузирајте за момент, но не го напуштајте целосно разговорот. Не викајте или бранете се импулсивно.
Наместо тоа, земете длабок здив и кажете:
„Ми треба малку време да размислам за ова пред да одговорам“.
Така, си давате простор да ги соберете мислите и да ги препознаете сопствените емоции. Што е уште поважно, го намалувате ризикот да кажете нешто за што подоцна може да зажалите. Потоа, поставете јасни граници.

Пронајдете не на следниве мрежи: