Пукаат бомби за Заев секојдневно! Кој го снима Заев и дали овој знаел што зборува??

На адреса на ВМРО ДПМНЕ и Антонио Милошоски свиркач доставил нов разговор, во кој има само еден учесник. Така денеска тврдеше Милошоски од седиштето на ВМРО ДПМНЕ од каде преку телефон ја пушти аудио снимката на која вели дека се слуша само гласот на екс премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Она што на никој не му е јасно е кој го снима Заев цело време? И кој му ги пушта разговорите сега во јавност? Ја плаќа ли цената на тајно сниманите разговори од времето на доаѓање на власт, бидејќи се знае дека Заев токму на овој начин и дојде на власт. Дали и вака ќе си замине??

ДЕЛ ОД РАЗГОВОРИТЕ: „Што е важно? Катица тоа го знае, знае од целиот почеток,.., значи ја со Јово Вангеловски, беше еден од трите судии во врховен суд, имаше и други тројца од Апелационен суд, што требаше да паднат заради бегството на Сеат Кочан и заради бегството на овој (Груевски); и Јово беше вратен, сум се смирил и сум се договорил со Јово. Точно е ние бевме блиски, тераме блиски, јас сум таков човек, прво не верувам секојпат дека не треба, секојпат сум верувал… Ова е политичка битка помеѓу ВМРО и СДС и тука треба да застане, заради тоа се разговорите, они поминаа границите. Знаејќи го Катица целото тоа што се случува, она и така се однесува, знае дека ќе паднат предметите. Знае, дека и да не сака, она помага, значи готово, нема, влезена е во тој процес сега. – се слушаше во разговорите кои ги објави Милошоски…

„Ако не се договориме преку СЈО да паднат случаите трас трас ќе има одлука на Врховен” вели Заев во аудио разговорот кој денес го презентираше пратеникот Антио Милошоски и додава дека Катица тоа го знае и така ги води предметите, а дека со Јово се блиски и преку Врховен ќе паѓаат случаите.

Заев во интервју за порталот Press24 призна дека гласот што се слуша на снимките е неговиот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.