Две лица се повредени при пукање кое утринава во 05:45 часот се случо на ул„18“ во с.Арачиново.
По пријавата дека се слушнати истрели од огнено оружје полициски екипи излегле на лице место.
-Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки во кое биле И.И.(34) и Ш.И.(42), информира МВР.
Притоа, тие се здобиле со повреди и биле пренесени во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.



