Пукање во Арачиново: Полицијата отвори оган

Три куршума се испукани во насока на возило за кое се сомнева дека било управувано од две лица кои се бараат со потерница. Од МВР велат дека осомничените со нивното возило се упатени кон полицајците кои пак чувствувајќи се загрозени пукале кон осомничените.
Но, жителите на Арачиново, очевидци велат дека припадници на единицата Алфи се симнале од возилото и без предупредување пукале кон возилото на осомничените. Револтирани поради пукањето во населено место, жителите на Арачиново го блокираа главниот пат. Тие бараат од МВР да го објаснат наведениот случај и апелираат вакво нешто да се повтори во иднина. Според очевидците, осомничените не пукале кон полицајците. Алсат M неофицијално дознава дека осомничените се уште се во бегство.


“Оденаш излегоа, ниту кажаа кој се, што се, над моето возило, потоа семејство легна на земја и извикаа „Не убија!“. Не знаев кој се тие, дали се полицајци или нешто друго, одеднаш испукаа, ништо не зборуваа, дирекно пукаа во возилото и јас избегав нагоре бидејќи бев со семејството и друго не видов ништо, тоа е се.“, вели еден од очевидците за Алсат М.
“Ние како жители на Арачиново не сме против тоа да функционира законот. Но, сакаме законот да го доживееме како сите останати во Република Македонија, како за сите заедници, и за нас нека биде истиот Закон.“
“Зарем немаат друго место каде да пукаат, туку пред куќата, со деца, со семејство, еве и самите гледате каде се прозорците. А и еве каде продавам лубеница. Се уплашија и децата и сите други“, се пожалија жителите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.