Пукање во близина на полициската станица Бит Пазар! Едно лице е повредено!

Едно лице е повредено во пукање во близина на ПС Бит Пазар, потврдија од МВР за Инфомакс,

Денеска (25.04.2025) околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена престрелка, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на настанот најдени се повеќе чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: