ПУКАЊЕ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО БЕЛГРАД! Малолетник го земал пиштолот од татко му, па пукал во соучениците

Утринава во 08:40 минути во ОУ „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар се случил страшен инцидент кога момче (14) пукало и повредило неколку ученици.

Имено, полицијата ги испратила сите расположливи патроли, веднаш излегла на терен и го привела осомничениот малолетник, ученик од седмо одделение, кој, како што се сомнева, испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на ова училиште.
Во тек е згрижувањето на повредените, како и акција на полицијата за утврдување на сите фактори и околности поврзани со инцидентот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.