Грабеж на банка во скопската општина Центар е причината за засиленото полициски присуство во делот меѓу скопските населби Центар и Капиштец.
На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.