Пред малку се случи вооружен инцидент во скопската населба Чаир по кој едно лице е во тешка здравствена состојба.
Имено вечерва во близина на маркетот Веро во Чаир од огнено оружје е отворен оган кон лицето со иницијали А.Б. кое се здобило со четири прострелни рани.
Во тешка здравствена состојба лицето А.В. е префрлен во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје каде се бори за својот живот.
Пукањето се поврзува со вооружена престрелка која се случила пред од прилика еден месец во близина на образовен објект во Чаир.
Неофицијално се работи за должничко/доверителски односи поврзани со нелегална трговија на дрога.