Пукање пред болницата „Св. Климент Охридски“ во центарот на Скопје

Неколку минути после пладне денеска, се случило пукање пред болницата „Свети Климент Охридски“ во центарот на Скопје, односно поранешната Градска болница.
Неофицијално, имало најмалку едно повредено лице кое веднаш е хоспитализирано.
Се очекуваат повеќе информации од МВР околу овој настан.
Забележано е присуство на полицајци пред болницата, кои вршат увид на местото на настанот. Има еден автомобил со скршено задно стакло, а до возилото и пиштол.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.