Пукнаа фалсификуваните и за перење на мозок нарачани АНКЕТИ

Се сеќавате дека пред референдумот немаше ниту една анкета која го предвиде дебаклот на власта и пропаста со вака јасно изразени бројки. Напротив сите анкети тврдеа дека излезноста ќе биде над 60 проценти. Да ве потсетиме на некои од нив.
Анкетата што за Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја направи агенцијата „М- проспект“ во периодот од 24 јули до 1 август годинава покажа дека одѕивот на референдумот ќе биде високи 66,4 отсто, со 41,5 отсто „за“ и 35,1 отсто против.
Институтот за политички истражувања од Скопје кои покажаа дека 43,2 отсто ќе гласаат „за“, а 22 отсто „против“ се покажаа како далеку од реалните бројки за референдумот.
Меѓународниот републикански институт (ИРИ) на крајот на месец август објави анкета со висок процент на поддршка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, каде според нивната анкета се покажуваше дека 49 отсто од испитаниците ќе гласаат за предложената измена, а 22 отсто против.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.