Пукна брука: Водителите на Гранд се посрамотија, не знаеја кој е главен град на Црна Гора

Во квизот кој се емитува во рамките на програмата „Ѕвездите на гранд специјал“, познатата водителка Сања Кужет и нејзиниот колега, Воја Недеjковиќ буквално се посрамотија кога не знаеа кој е главен град на Црна Гора.
Воја го праша натпреварувачот кој преку телефонска линија се приклучи во живо во програмата, и му постави навидум едноставно прашање – кој е главен град на Црна Гора?
„Подгорица“, одговори гледачот, но на изненадување на многумина, одговорот се покажа како неточен.
“Aјој па зошто толку се избрзавте, прокоментирал Воја, а кога публиката почна да коментира на водителите им стана јасно дека станува збор за грешка.
“Ајде да го прашаме Гугл, продолжија водителите, но ниту тоа не им беше од помош, па направија пауза пред да продолжат со квизот, а потоа ја игнорираа целата ситуација како ништо д ане се случило.
Иако Цетиње е историска престолнина на Црна Гора, главен град сепак е Подгорица, па очигледно е дека стануваше збор за гаф.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.