„Пукна тиквата“ меѓу Карлеуша и Поповиќ

Претстојното издание на музичкото талент шоу „Sвездите на Гранд“ веројатно ќе биде емисија во кој членовите на жирито до сега најмногу се навредуваат едни со други и тоа на лична основа.
Како и секогаш, судирите беа поврзани со гласањето за кандидатите, па и овој пат, пердувите летаа меѓу Саша Поповиќ и Јелена Карлеуша. Двајцата се испонавредија, кој како стигне.
„Не знаев Јелена, дека ги пееш и овие лимонади“, рече Саша на пејачката, а потоа таа уште понискому се обрати.


„Ова не е лимонада, срце мое ќораво, туку ова е најголемиот грчки хит“, му возврати Jелена Карлеуша асоцирајќи на тоа дека Саша носи очила за вид.
Сепак, „боцкањето“ не заврши тука, бидејќи Поповиќ продолжи да и се спротивставува на Карлеуша.
„Душо моја цицлеста, ова е за мене лимонада, верувај ми…“ – рече Саша.
„Тој со оваа песна заработи скоро исто толку пари колку ти овде со Гранд“ – се трудеше да му објасни Карлеуша.
Иако „препукувањето“ беше жестоко, никој од нив на крајот не се налути, а фокусот на шоуто се префрли на другите кандидати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.