Синоќа околу 18:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар “Партизански Одреди“, во близина на Трговскиот центар “Лептокарија“, имало пукање од лица кои биле со две возила. На местото на настанот увид извршиле полициски службеници, при што не се пронајдени траги од крв и нема пријава за повредени лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.