Кристијан Пулишиќ, стрелецот на победничкиот гол за САД во синоќешната пресметка со Иран (1-0) вреден осминафинале на Мундијалот во Катар, на полувремето од средбата наместо да се подготвува за продолжението итно бил префрлен во – болница.
Иронијата да биде поголема, ѕвездата на Челси се повреди во моментот кога го постигна голот за триумф, по што издржа до крајот на првиот дел, но во вториот не се појави на теренот.
„Сè уште немам подетални информации за Пулишиќ. Знам само дека е превентивно во болница, се жали на вртоглавица бидејќи доби силен удар во пределот на стомакот“, изјави Белхартер, селекторот на САД.
Американците веќе го знаат противникот во првиот круг од нокаут-фазата, селекцијата на Холандија.