Путин: Во Русија производството на оружје е значително зголемено

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска изјави дека Русија значително го зголемила производството на многу барано оружје и ги подобрила нивните карактеристики врз основа на искуството стекнато за време на војната во Украина.

„Денес, претпријатијата од одбранбената индустрија работат ритмички и прецизно. Тие прават се што е потребно за да ги снабдат војниците кои учествуваат во специјалната воена операција со модерно оружје, опрема и муниција. Благодарение на работниците од индустријата, производството на особено популарни примероци се зголеми за неколку И нивните тактичко-технички параметри се подобрени и адаптирани во согласност со спецификите на борбената употреба“, рече рускиот лидер на состанокот на воено-индустриската комисија за развој на системи за летала без екипаж за специјални намени, пренесува „Известија“.

Според него, до 2030 година во Русија ќе бидат создадени 48 специјални истражувачки и производствени центри за дизајн, тестирање и производство на беспилотни летала (UAV).

Пронајдете не на следниве мрежи: