петок, 27 ноември 2026
Најново

Путин го испраќа својот доверлив човек во Вашингтон да преговара за новите санкции на Трамп

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По ненадејната промена на ставот на Доналд Трамп оваа недела, што вклучуваше воведување санкции врз „Роснефт“ и „Лукоил“ и откажување на самитот со Владимир Путин во Будимпешта, Кремљ итно го испрати клучиот преговарач за војната во Украина во Соединетите Држави.

Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции, кој негуваше врски со Трамп за време на неговиот прв претседателски мандат, пристигна во Вашингтон во петокот, објави Си-eн-eн, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Највисокиот економски претставник на Русија пристигна во Соединетите Држави на „официјални“ разговори само неколку дена откако претседателот Доналд Трамп објави нови строги санкции кон Русија, изјавија ексклузивно извори запознаени со посетата за Си-ен-ен.

Се очекува Кирил Дмитриев, раководител на рускиот суверен фонд за богатство и специјален претставник на Кремљ, да се сретне со претставници на администрацијата на Трамп „за да ги продолжат дискусиите за односите меѓу САД и Русија“, според изворите.

Посетата доаѓа во услови на растечко разочарување на САД поради одбивањето на Кремљ да ја заврши војната во Украина и откако Трамп изјави дека „го откажал“ планираниот самит со својот колега од Кремљ, Владимир Путин. Администрацијата на Трамп во средата воведе санкции врз двете најголеми руски нафтени компании повикувајќи ја Москва да се согласи на итно прекинување на огнот во војната со Украина.

Путин рече дека санкциите ќе имаат мало влијание врз руската економија, опишувајќи ги како обид за притисок врз Москва.

„Ниту една земја што се почитува себеси никогаш не прави ништо под притисок“, рече тој во четврток.

Поврзани вести