Рускиот претседател Владимир Путин го спореди извршниот директор на американската вселенска компанија SpaceX, Илон Маск, со советскиот експерт за ракети и шеф на советската вселенска програма, Сергеј Королев, објави Киев Индипентет.
„Знаете, има човек кој живее во Америка, Илон Маск, кој е, така да се каже, луд по Марс. Таквите луѓе, посветени на некоја идеја, ретко се појавуваат меѓу луѓето. Дури и кога на прв поглед нивните идеи изгледаат неверојатно, по некое време тие се остваруваат. Исто како што се реализираа идеите на Королев и нашите вселенски пионери“, рече Владимир Путин за време на разговорот со студентите од Московскиот државен универзитет
Рускиот претседател додаде дека летовите до Марс се многу сложени и изгледаат многу тешки за спроведување денес.