недела, 29 ноември 2026
Најново

Путин денес полни 73 години

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рускиот претседател Владимир Путин денес го слави својот 73-ти роденден.

Светските лидери му испраќаат честитки на претседателот. Меѓу првите што му го честитаа роденденот на Путин беше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој во својата честитка истакна дека благодарение на лидерството на Путин, Русија го предводи градењето на нов, мултиполарен свет.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој додаде дека, благодарение на Путин, Русија успешно ги брани своите интереси и постигнува моќ и просперитет.

„Пјонгјанг и Москва секогаш ќе бидат заедно, а нашето пријателство ќе биде вечно“, нагласи севернокорејскиот лидер. Тој исто така рече дека Пјонгјанг ќе продолжи целосно да ја поддржува борбата на рускиот народ за одбрана на својот суверенитет и територијален интегритет.

Поврзани вести