Путин денес ќе се сретне со специјалниот пратеник на Трамп!

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на денот ќе се сретне со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп Стивен Виткоф, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Можна средба меѓу рускиот претседател и американскиот лидер Доналд Трамп ќе биде една од темите на разговорот на Путин со американскиот функционер, додаде Песков.
„Средбата е добра можност за нас да му пренесеме на Трамп, преку Виткоф, што се однесува на Русија“, рече портпаролот.

Тој рече и дека средбата меѓу рускиот Путин и Виткоф не е поврзана со резултатите од руско-американските консултации во Истанбул што се одржаа претходниот ден.
Како што беше претходно најавено, Путин и Виткоф ќе разговараат и за различни аспекти за решавање на украинската криза. Точното време на средбата не е прецизирано, но, според Песков, средбата ќе трае онолку колку што му треба на рускиот претседател.

Песков оцени и дека по оваа средба не треба да се очекува драматичен развој.
Претходно, Виткоф разговараше со Кирил Дмитриев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји.

Пронајдете не на следниве мрежи: