Рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорот со германскиот канцелар Олаф Шолц рекол дека Русија никогаш не одбила да преговара за крај на конфликтот во Украина, додавајќи дека можните договори треба да ги земат предвид безбедносните интереси на Русија, да се засноваат на „новата реалност на терен“ и да се решат причините за конфликтот.
Кремљ објави дека Путин и Шолц имале „детална и искрена“ размена на ставови и размислувања за ситуацијата во Украина.
Во разговорот Путин истакнал дека Русија секогаш ги исполнувала договорните обврски во енергетскиот сектор и дека е подготвена за заемно корисна соработка на тоа поле, доколку е заинтересирана и Германија.