Евроазиската економска унија се покажа како еден од независните центри на мултиполарниот свет во подем, изјави рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Евроазиската економска унија што се одржа во Санкт Петербург.
„Нашето здружение се етаблира како еден од независните центри на мултиполарниот свет во подем кој може да си обезбеди се што му е потребно и продолжува динамично да се развива“, рече тој на состанокот на Врховниот евроазиски економски совет.
Како што истакна, активностите на Евроазиската економска унија придонесуваат за проширување на деловните контакти, продлабочување на соработката, интеграцијата носи реални придобивки за секој учесник во асоцијацијата.
Во одморалиштето „Игор“ во Ленинградската област, недалеку од Санкт Петербург се одржува самитот на Врховниот евроазиски економски совет со учество на лидерите на заедницата, меѓу кои и претседателот на Русија Владимир Путин.
На самитот учествуваат лидерите на петте земји: претседателот на Русија Владимир Путин, претседателите на Белорусија Александар Лукашенко, Касим Зомарт Токаев од Казахстан и Садир Жапаров од Киргистан. Учеството на премиерот на Ерменија Никол Пашинјан, како што претходно најави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се очекува преку видео врска бидејќи ерменскиот премиер е позитивен на корона вирусот.