Путин: Европејците не треба да се мешаат, туку да се приклучат кон работата за постигнување мир во Украина

Ќе воспоставиме контрола врз Донбас и Новорусија, изјави рускиот претседател

Европејците треба да се приклучат кон работата за постигнување мир во Украина, а не да го попречуваат, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју дадено за индискиот весник „Индија тудеј“ во пресрет на неговата посета на Индија, а објавено денес.

„Ќе воспоставиме контрола врз Донбас и Новоросија (забелешка на уредникот – јужниот дел на Украина, вклучувајќи ги Одеса, Херсон и Дњепропетровск), без разлика дали со воени или други средства“, изјави тој.

Москва му предложи на Киев да ги повлече своите трупи од Донбас (регионот вклучува делови од Донецката и Луганската област) и тогаш нема да има воен конфликт, но Украина претпочита да се бори, забележува рускиот претседател во интервјуто.

„Им рековме на Украинците: Луѓето не сакаат да живеат со вас, тие излегоа на референдум, гласаа за независност – повлечете ги вашите трупи и нема да има воена акција. Не, тие претпочитаат да се борат. Па, сега тие тргнаа во војна“, се вели во извадок од интервјуто цитиран од ТАСС.

Путин додаде дека неговата средба со специјалниот претставник на САД Стив Виткоф и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер, била „многу корисна“, нагласува Ројтерс.

„Нашите разговори се темелеа на предлозите што ги разгледавме со претседателот Трамп во Алјаска“, изјави рускиот шеф на државата за „Индија денес“, осврнувајќи се на состанокот на 15 август во американскиот град Анкориџ.

The post Путин: Европејците не треба да се мешаат, туку да се приклучат кон работата за постигнување мир во Украина appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: