Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руската армија би можела долго да се бори во Украина, но рече дека во оваа фаза нема потреба да се мобилизираат повеќе војници, пренесе Ројтерс.
„Што се однесува до времетраењето на специјалната воена операција, се разбира тоа би можело да биде долг процес“, изјави Путин на телевизискиот состанок на рускиот Совет за човекови права.
Сепак, според него, засега „нема поента“ од дополнителна мобилизација, откако во септември и октомври биле мобилизирани 300.000 луѓе.
Путин увери дека Русија ќе ги брани своите интереси со сите расположливи средства.
Подоцна, на состанокот со членовите на Советот за развој на граѓанското општество и човековите права, тој изјави дека заканата од нуклеарна војна расте.
Претседателот, кој вети дека ќе ги искористи сите воени средства за одбрана на руската територија, рече дека Москва ќе користи нуклеарно оружје само како одговор на непријателски напад, пренесе АФП.
„Кога не удрија, ние возвративме“, рече Путин на состанокот на неговиот совет за човекови права, нагласувајќи дека стратегијата на неговата земја се заснова на политика на „т.н. одмазда“.
Русија е свесна за опасностите од нуклеарното оружје, изјави рускиот претседател, цитиран од ТАСС.
„Ние не сме луди, свесни сме што е нуклеарно оружје“, рече претседателот.