Путин заработува вистинско богатство: Војната на Блискиот Исток го полни рускиот буџет

Како што истакна Германско-руската стопанска комора, приходите на Русија од извоз на нафта, гас и ѓубрива надминуваат 10 милијарди евра месечно.

„Русија е големиот победник од новата војна на Блискиот Исток”, рече претседателот на Комората, Матијас Шеп.

Москва има корист од глобалниот пораст на цените на стоките со користење на алтернативни извозни правци. Сето ова „би можело да ѝ донесе на Русија неочекувана добивка од историски размери“, рече Шеп во Москва.

Со стабилна цена на нафтата од околу 100 долари за барел, Русија може да очекува да заработи 71,8 милијарди долари повеќе годишно отколку што беше проектирано во својот буџет.

Во меѓувреме, референтната цена на суровата нафта од типот Брент за испорака во јуни се искачи на повеќе од 111 долари за барел. Тоа е речиси 40 долари за барел повеќе отколку пред почетокот на војната во Иран.

Рускиот буџет е во голема мера зависен од продажбата на нафта и гас, при што буџетот е базиран на цена од 59 долари за барел нафта. До новата војна, буџетот беше во дефицит бидејќи цената на нафтата беше под проектираната.

-Според сегашните цени, Москва може да заработи околу 50 милијарди долари дополнителни приходи годишно само од нафта и гас, велат од Комората.

Русија ја финансира својата агресивна војна во Украина со приходи од продажба на суровини.

Москва веќе шпекулира за можна цена на нафтата од 200 долари за барел. Според Комората, ова би ѝ донело 350,4 милијарди долари, или 247 милијарди долари повеќе отколку што планирала.
The post Путин заработува вистинско богатство: Војната на Блискиот Исток го полни рускиот буџет appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: