Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната економија, Русија прва во Европа

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург Како што претходно најави портпаролот на Кремљ, говорот на Путин ќе биде сеопфатна проценка на развојот и перспективите на руската економија и економскиот раст.

„Во својот говор, Путин ќе ја процени моменталната фаза на развој на руската економија, ќе ги истакне нејзините перспективи и главните насоки во кои, според мислењето на претседателот, треба да се развива нашата економија“, рече Дмитриј Песков.

Како што додаде, тоа ќе биде интересен и обемен говор, во кој Путин ќе зборува и за целиот спектар на меѓународни прашања. Покрај Путин, на пленарната сесија ќе присуствуваат и индонезискиот претседател Прабово Субианто, син на кралот на Бахреин и советник за национална безбедност на таа земја, како и командантот на Националната гарда Насер бин Хамад ал-Калифа, и кинескиот заменик-премиер Динг Сјуесанг.

Модератор е Надим Кутејш, новинар од Обединетите Арапски Емирати. Имаше голем интерес за говорот на рускиот претседател, а учесниците на Форумот чекаа во редови за да влезат во салата. По говорот на Путин се обратија и претседателот на Република Србија, Милорад Додик, и министерот без ресор задолжен за меѓународна економска соработка во српската влада, Ненад Поповиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: