Рускиот претседател Владимир Путин го коментираше повикот на американскиот лидер Доналд Трамп да ги поштеди украинските војници во регионот Курск, велејќи дека нивните животи ќе бидат загарантирани во случај да го положат оружјето и да се предадат.
„Во случај на полагање на оружјето, на украинските војници во регионот Курск ќе им се гарантира живот и достоинствен третман“, рече рускиот лидер.
Тој исто така рече дека за да го исполни повикот на Трамп, Киев мора да ѝ нареди на својата армија во регионот Курск да се предаде.
Тој додаде дека украинските сили извршиле бројни злосторства врз руското цивилно население.
Путин зборуваше и за односите Москва-Вашингтон, велејќи дека Трамп и американската администрација прават се за да ги обноват односите меѓу Русија и САД на состанокот на Советот за безбедност.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.