Рускиот претседател Владимир Путин поднесе во вторникот предлог закон со кој се предвидува за членовите на владата и други високи функционери забрана за поседување на банкарски сметки во странство и сопственост во странски фондови.
Законот би требало да ги опфати и сопругите и децата на функционерите, а Кремљ предложениот закон го образложи со заштита на националната безбедност, воведување на ред во активностите на лобирањето, јакнењето на инвестициите и антикорупциските напори.Путин за време на минатогодишната претседателска кампања инсистираше на овој предлог прашувајќи ги граѓаните Како може да им верувате на политичари и чиновници кои се обидуваат да ги задржат своите пари во странство“?
Макфакс
Рускиот претседател Владимир Путин поднесе во вторникот предлог закон со кој се предвидува за членовите на владата и други