Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп не испрати покана за неговата инаугурација во јануари до рускиот лидер Владимир Путин, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Не, тој не испрати покана“, рече портпаролот, одговарајќи на новинарско прашање.
Претходно, ТВ каналот Си-Би-Ес Њуз цитирајќи свои извори објави дека Трамп го поканил кинескиот лидер Си Џинпинг на инаугурацијата. Кинеската амбасада во Вашингтон се уште тоа не го потврдила.
Според телевизискиот канал, на церемонијата се очекува да присуствуваат неколку високи странски претставници, меѓу кои и унгарскиот премиер Виктор Орбан. Церемонијата ќе се одржи на 20 јануари 2025 година.