Русија никогаш не ги делела Русите и Украинците, ги сметала за исти, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата на воената фабрика „Уралвагонзавод“ во Нижни Тагил.
„Сакам отворено да кажам како беше, сите го знаат тоа: ние никогаш не правевме разлика меѓу Русите и Украинците, меѓу Русија и Украина“, рече Путин.
Тој истакна дека огромното мнозинство од оние што живееле во Украина и апсолутното мнозинство луѓе во Русија секогаш верувале дека тоа е едно исто.
Во исто време, претседателот потсети дека антируските чувства во Украина се враќаат во историјата.
„По Големата патриотска војна, дел од националистичките и нацистичките елементи кои соработуваа со Хитлер побегнаа во странство. Тие побегнаа во САД, во Канада и нашиот непријател се потпираше на нив“, рече претседателот.
Тој истакна дека луѓе со антируски чувства дошле на власт во Украина по распадот на Советскиот Сојуз.
„Не е важно како се викаа претседателите: тие се однесуваа агресивно, дрско и сите веднаш паднаа под нивно влијание“, нагласи шефот на државата.