Путин подготвува крвава одмазда: „Ќе бидат преземени мерки за одмазда против овие постапки на режимот во Киев со поддршка на западните помагачи!“

Русија ќе одговори на обидите на украинските вооружени сили да го нападнат подрачјето на Белгород со американски оперативно-тактички ракети АТАКМС, соопшти Министерството за одбрана.– Против овие постапки на режимот во Киев ќе бидат преземени одмазднички мерки со поддршка на западните помагачи – се наведува во соопштението.Руската страна тврди дека на 3 јануари украински војници се обиделе да го погодат регионот Белгород во Русија со ракети АТАКМС.– Во текот на противракетната битка борбените екипи на противвоздушниот ракетен систем С-400 и системот Панцир-СМ ги соборија сите ракети АТАКМС – истакнаа од Министерството за одбрана на Русија.Во средината на ноември се дозна дека американскиот претседател Џозеф Бајден и’ дозволил на Украина да користи американски ракети со долг дострел за да ја нападне руската територија.Рускиот претседател Владимир Путин им се обрати на Русите на 21 ноември. Тој изјави дека како одговор на ударите на вооружените сили на Украина врз цели во регионите Курск и Брјанск со ракети ATACMS и Storm Shadow, Москва тестирала еден од најновите ракетни системи со среден дострел Орешник.Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, пак, рече дека смета оти одлуката на Бајден да користи ракети со долг дострел е лоша.

Пронајдете не на следниве мрежи: