Рускиот претседател Владимир Путин го поништи својот указ од 2012 година, според кој Русија ќе го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Молдавија.
- 4 грешки кои мажите ги прават во кревет! Жените се згрозуваат од тоа – Ја гасите нејзината страст!
- Досега потврдени 303 листи за градоначалници за локалните избори
- Франција ја призна палестинската држава
- Сикорски до Москва: Предупредени сте, да не се жалите ако ви собориме авион влезен „по грешка“
- НУТРИЦИОНИСТ ОТКРИВА Еве кои намирници можат да ве „подигнат“ на природен начин

Путин го откажа указот за надворешната политика на Русија, кој претпоставуваше дека Русија ќе се приближи до ЕУ и САД, ќе го почитува суверенитетот на Молдавија и територијалниот интегритет на сите земји, пренесува Медуза.
Со својата одлука Путин откажа многу од инструкциите што ги дал на Министерството за надворешни работи и на другите руски власти во 2012 година.
Поточно, 11-годишниот декрет предвидуваше „доследно спроведување“ на Договорот за ограничување на стратешкото оружје (СТАРТ) со Соединетите држави.
Претходно, на 21 февруари, за време на пораката до Федералното собрание, Владимир Путин објави дека Русија ќе го прекине учеството во овој договор.
Пронајдете не на следниве мрежи: