ПУТИН ПОТПИША РАТИФИКАЦИЈА НА ВАЖЕН ДОГОВОР: Русија склучува стратешко партнерство со Иран!

Како што е наведено во документот, двете земји ќе се стремат кон продлабочување и проширување на односите во сите области од заеднички интерес, зајакнување на соработката во областа на безбедноста и одбраната и тесно координирање на активностите на регионално и глобално ниво, „што е во согласност со долгорочно, сеопфатно и стратешко партнерство“.

Договорот беше потпишан на 17 јануари, за време на посетата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на Москва, пренесува Телеграф, повикувајќи се на Танјуг.

Минатата недела, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, беше во официјална посета на Москва, каде што се сретна со Путин.

Според Арагчи, тој разговарал за индиректните преговори меѓу Иран и САД, како и за голем број други прашања, со рускиот лидер.

По разговорите со Путин, тој разговараше и со својот руски колега Сергеј Лавров.

Пронајдете не на следниве мрежи: