БАЈДЕН: Путин се обидува да „здивне“ со прекинот на огнот

Рускиот претседател Владимир Путин се обидува „да здивне“ со воспоставување на 36-часовен прекин на огнот, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден, прашан да ја коментира наредбата на Путин за прекин на огнот за Бадник и Божиќ и повикот и Украина да го стори истото.

Наредбата на Путин за прекин на огнот од вечерва на полноќ, следуваше откако на тоа апелираше на Руската православна црква, патријархот Кирил.

Киев, меѓутоа, отфрли било каков прекин на огнот. Советникот на украинскиот претседател Зеленски – Михајло Подољак, најпрво ја критикуваше РПЦ дека апелот претставува крајна хипокризија, а потоа и одговори на повикот на Путин – со порака дека Русија ќе добие примирје само кога ќе се повлече од окупираните територии.

Претходно, тој отфрли било какви разговори за мир кои подразбираат Русија да ги задржи тие територии, што Путин го поставил како појдовна точка за мировни преговори (Украина да ја прифати новата реалност и да седне да преговара) во телефонскиот разговор што го имал со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган.

Пронајдете не на следниве мрежи: