Украина речиси целосно го загуби својот суверенитет, па без пари од спонзорите и муниција, се би било готово за месец и пол до два месеци, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Не можат да преживеат, не би издржале ниту еден месец да им снема пари и куршуми. Се би било готово за месец, месец и пол, два. Во оваа смисла, Украина речиси целосно го загуби својот суверенитет“, рече рускиот претседател.
Путин е подготвен да назначи луѓе кои ќе преговараат со Зеленски, доколку тој сака да учествува во преговорите.
Според Уставот на Украина, претседателот нема право да ги прошири своите овластувања, дури и за време на воена состојба.
Тој истакна дека во 2022 година Русија веднаш му предложила на Киев да се повлече од ДНР и ЛНР и дека не треба да има војна.
Рускиот лидер најави дека украинските предлози ја формираат основата на нацрт-договорот од Истанбул во 2022 година и дека Москва е подготвена да ги спроведе, иако има одредени забелешки. Според него, Русија тогаш се согласила да ги повлече војниците од Киев со цел да се избегне крвопролевање. Во пролетта 2022 година тој беше подготвен за средба со Зеленски.
Рускиот претседател рече и дека испратил сигнали до поранешниот американски претседател Џозеф Бајден во врска со решавањето на ситуацијата во Украина. Според него, Западот го убедил Киев да ја продолжи војната, а денес Украина речиси целосно го изгубила својот суверенитет.
Сега, според неговите зборови, резултатите од преговорите треба да ја гарантираат безбедноста и на Украина и на Русија на долг временски период.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.