Пјастри триумфира во Кина пред Норис и Расел

Оскар Пјастри триумфираше на Големата награда на Кина. Австралискиот возач, кој за првпат започна од пол-позиција, го забележа својот трет успех во кариерата на стазата во Шангај. Пјастри беше пред својот колега Ландо Норис, кој заврши со речиси 10 секунди заостанување, а на третата позиција се најде Џорџ Расел од Мерцедес. Макс Ферстапен, актуелниот светски шампион, заврши на четвртата позиција, пред возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон. Бодовите во Шангај ги освоија и Естебан Окон од Хас, Андреа Кими Антонели од Мерцедес, Алекс Албон со Вилијамс и Оли Берман од Хас. Трката во Шангај не понуди посебни возбудувања и во најголемиот дел беше монотона. Норис успеа да се избори за второто место претекнувајќи го Расел на стартот, кој пак се обиде да го нападне Пјастри. Имаше и контакт меѓу двата возачи на Ферари, кои го претекнаа Ферстапен, при што Леклер го оштети предното крило, но успеа да ја заврши трката. Средина на трката ја обележа Оли Берман од Хас со неколку импресивни претекнувања. Проблемите со сопирачките на Норис беа видливи на финишот, но успеа да ја заврши трката како втор, а Ферстапен со леснотија го претекна Леклер на три круга пред крајот, за да го заземе четвртото место. Во генералниот пласман води Норис со 44 поени, втор е Ферстапен со 36, Расел е трет со 35 поени, а Пјастри е четврти со 34. Следната трка во Формула 1 за Големата награда на Јапонија ќе се одржи на 6 април.
The post Пјастри триумфира во Кина пред Норис и Расел appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: